Супермесечината е полна месечина во најблиската орбита на Месечината до Земјата
Супермесечина , редок астрономски феномен, се појави на небото синоќа.
Првата од четирите супермесечини оваа година, која е и т.н сината месечина, на некои места стана црвена поради чадот од шумските пожари во Северна Америка, пренесува BBC.
Супермесечината е полна месечина во орбитата на Месечината најблиску до Земјата, а сината месечина е втората полна месечина во календарскиот месец или четири полни месечини во една сезона, што се случува еднаш на секои две до три години.
За време на супермесечина, Месечината изгледа 14 проценти поголема и 30 проценти посветла во споредба со кога е најдалеку од Земјата.
По оваа супермесечина, следната ќе биде на 18 септември, потоа на 17 октомври, а последната супермесечина во годината ќе биде на 15 ноември.
Покрај супермесечината, во септември ќе има и делумно затемнување на Месечината.

