Православна црква и верниците денес го слават Светиот пророк Јона.

Јона живеел 800 години пред Христа, а во неговото житие се наведува дека бил син на вдовицата од Сарепта Сидонска, која пророкот Илија ја воскреснал од мртвите.

Светиот пророк Јона бил повикан од Бога да ги осуди жителите на Ниневија и да побара од нив да се покајат и да побараат прошка од Бога. Но, Јона не сакал да го стори тоа, па побегнал со брод.

Бог испратил голема бура, а Јона побарал од морнарите да го фрлат во морето за да престане невремето. Морнарите го фрлиле во морето, а Бог испратил кит кој го проголтал Јона.

Јона поминал три дена и три ноќи во утробата на китот. Тој се молел, се покајал за својата непослушност и му благодарел на Бога за неговата милост.

Потоа Бог му заповедал на китот да го исфрли Јона на брегот.

По спасувањето, Јона повторно го прифатил Божјиот повик да проповеда во Ниневија, повикувајќи ги жителите на градот да се покајат и да побараат прошка од Бога.

Неговото тридневно престојување во утробата на китот се смета за праобраз на тридневниот престој на Христос во гробот, додека неговото спасување од утробата на китот го претставува воскресението на Господ Исус Христос од мртвите.