Исмет Алијагиќ Чиќмо ќе го прослави 6 јуни како свој втор роденден, откако доживеа невидено искуство во дворот на куќа во центарот на градот.

За време на силното невреме што го зафати овој град, Алијагиќ го удрил гром на еден метар од него, но се спасил неповреден, па планира трајно да го обележи местото каде што се видливи помали штети, пренесува Српскаинфо.

За порталот Аваза проговори за незаборавното искуство.

– Како и обично, попладнето го поминав во градината, во околината што со сопругата им ја разубавувам на внуците и децата, бидејќи тие се во дијаспората, па се собираме само во лето. Набљудував многу бурно невреме и случајно почнав да снимам како силниот дожд ги украсува цвеќињата.

Немав поим што ќе се случи, иако моето куче Маса покажуваше вознемиреност и страв. Трепереше и не се оддалечуваше од мене – вели Алијагиќ.

Случајно снимил удар на гром. Удрил во чадорот за сонце во градината, на околу метар и половина од местото каде што бил.

– Како Тајсон да ме удри. Видов блесок и почувствував силен удар кој ме „дувна“ во внатрешноста на фонтаната. За момент помислив дека го удри мојот мобилен телефон и ми го исфрли од раце. Лежев таму околу една минута, а потоа тргнав кон мобилниот телефон со намера да го исклучам, бидејќи очекував нов шок.

Шокот помина за неколку минути, а потоа ги снимив последиците. Немаше страв, бидејќи бев припадник на специјалната полиција и три пати бев ранет, но ова е секако нешто што не може да се заборави – додава Исмет Алијагиќ за порталот Аваза.

Видеото ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА!