Честит празник, Св.Климент Охридски. Честит именден на оние кои го носат неговото име. За многу години. Празнувањето нека биде и потсетување, а за оние кои не знаат – учење. Никогаш не е доцна да се научи.




Нека тоа потсетување или учење не направи сите нас подобри луѓе. Никогаш не е доцна да станеш подобар човек! Не да создадеш перцепција дека си подобар. Туку да станеш вистински подобар човек. Добротата да стане твоја природна состојба а добрата мисла водилка и состојба на умот. Така ја разбирам смислата на празнувањето.




Св. Климент Охридски целиот свој живот имаше своја мисија со која просветли милијарди луѓе и животот им го направи подобар и посреќен. Неговата мисија беше азбуката, писменоста, учењето и со тоа просветлувањето на еден огромен регион на земјата. Засекогаш. И затоа е вечен. Затоа тој веќе одамна е светец, кого го чевствуваме, празнуваме, афирмираме, се молиме, учиме и сме горди на него. И така ќе биде за на век.




Секој од нас има во себе еден барем мал потенцијал со кој може да помогне на оние на кои им треба помош, да придонесе за општо добро, или за доброто на многу други. Секој во себе носи еден мал Св. Климент, но не секој го препозна, живее и практикува тоа.




Секој кој ќе го извлече тоа од себе и ќе го преточи во своја макар и мала мисија и водилка, придонел за подобар свет и за свој вечен живот. Посветеното време за некоја општо корисна мисија никогаш не е залудно загубено време.
Наш е изборот. Бог секому дарувал простор за Св.Климент во него. Некои го носат во срцето и е дел од нивниот дух и живот, некои само на челото ама не многу во срцето, а некои го убиваат во себе и со тоа се убиваат себе.
Среќен празник!

