Ладниот бран од Америка нема да дојде кај нас, туку ќе ни пристигне од Северниот пол. Овој американски бран нема лесно да помине, останува многу студено. Температурите ќе се движат околу нулата.
На пример, во Њујорк утринските температури ќе бидат околу –20, а максималните дневни околу –10 степени. Во Чикаго ќе паѓаат и до –30, што за нас е скоро незамисливо. Во Америка, климатските промени моментално се многу слабо почувствувани.
Следните денови температурите ќе бидат благо во пораст, но за викенд се очекува нов пад. Недела и понеделник ќе бидат најстудени денови, со температури околу нулата.
Влегуваме во период на менување на потопло и постудено време, кога дневните температури повремено можат да преминуваат и 10 степени. Следната недела се очекува посилно затоплување, со повеќе облаци и дожд, додека ново студено време ќе пристигне во втората декада на февруари.
