Ракометната селекција на Данска извојува нова победа во финале Светското првенство и со славјето над Хрватска по четврти пат во низа освојува мундијалско злато.
По натпреварот во Осло, данските ракометари, поранешни играчи и новинари изразија револт поради, како што тврдат, „валканата“ игра на Хрватите. Тие истакнаа две ситуации. Првата е онаа во која Матео Мараш го згазна Матијас Гидсел додека најдобриот играч на Данска лежеше на подот.
„Тоа е валкан потег, газење на ногата на противникот. Ваквиот испад не припаѓа никаде и ме прави навистина лут. Навистина е грдо да се гледа. Да се гази на зглобот на Матијас Гидсел, така… Тоа е една од најгрдите работи што сум ги видел“, шокирано зборуваше Клаус Молер Јакобсен, поранешен дански репрезентативец, а сега коментатор на ТВ2.
Данците исто така се жалеа и на грубата игра на Хрватите во текот на целиот натпревар, дури споменувајќи дека имало обид за убиство./Gol.mk
