Медиумите ширум светот известуваат за случај на млада Турчинка која наводно ја убедила својата сиромашна мајка да и испрати пари тврдејќи дека студирала медицина на престижниот универзитет Оксфорд во Велика Британија. Во реалноста, таа работела како агент за недвижнини во Истанбул.




Мерве Бозкурт (25) доби бројни критики за своите постапки откако беше откриено дека со години ја лажела својата сиромашна мајка за да добие од неа дополнителни пари. Таа се потрудила да ја убеди својата мајка дека е примена на престижен универзитет, каде што, според нејзината мајка, студирала медицина.
Таа дури и испрати фотографии на мајка и во бел мантил и со маска на лицето за да ја увери дека навистина ќе стане лекар. Во исто време, нејзината мајка продавала цвеќиња за да може да и испраќа пари на нејзината ќерка, пренесува ,,Одди Централ”.




Измамата на младата жена ќе поминала незабележано многу подолго, доколку посветеноста на нејзината мајка Гулсерен Бозкурт не го привлекло вниманието на локалните медиуми, кои барале интервју со нив откако се дозна дека мајката продава цвеќе за да и плати на својата ќерка да студира на престижен универзитет .
Мерве дури позираше со нејзината мајка и рече дека ќе стори се што е во нејзина моќ да и оддаде почит на жртвата на нејзината мајка, па дури и се пофали дека стана неврохирург.




Во интервју за локалната телевизиска станица , таа рекла дека нејзиниот сопруг работи кога и каде може, така што таа е главниот носител на семејството.

„Со парите што ги заработувам со продажба на цвеќе, ги покривам трошоците за едукација на моите деца“, рече мајка на две деца. “Ако некое лице е со добро здравје, работата е најдоброто нешто што може да го направи. Убаво е да ги потрошам парите што ги заработувам на моите деца. Сакам секоја жена да работи и да застане на свои нозе”
Единственото на што Мерве не сметаше е приказната за нејзината мајка, која стана вирална, а тажната вистина наскоро беше откриена. Луѓето кои ја познаваа Мерве Бозкурт почнаа да коментираат дека таа всушност е во Истанбул, а не во Англија, и кога новинарите започнаа да го проверуваат нејзиниот статус на Оксфорд, беа шокирани кога сфатија дека воопшто не е запишана таму.




Понатамошната истрага откри дека „студентот од петта година на Оксфорд“ всушност живеел во Истанбул со години и работел како агент за недвижнини. Кога излегоа на виделина нејзините лаги, таа немаше друг избор освен да признае дека ја лажела својата мајка со години.
“Се чувствувам навистина лошо затоа што ја вознемирив мајка ми. Измислив приказна. Ги убедив сите во таа приказна, па и мене”, напиша таа во извинувањето. „Јас всушност работев цело време како агент за недвижнини во Истанбул.
Нејзиното извинување не им одговараше на луѓето, кои сè уште не можеа да поверуваат дека некој така ќе ја изневери сопствената мајка. Пишува Оdditycentral.
