Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20 јули. Св. маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот.




Додека пак седмичниот ден-недела е всушност денот во кој воск ресна Спасителот наш Господ Исус Христос. Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела.




Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела.




Според старите обичаи, утре треба да се оди во црква. Помолете се на Светата великомаченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.
