Играме уште еден ѕвезден рулет, а Меркур и Венера влегоа во знакот Јарец, па стануваме штедливи. Некои знаци ќе имаат повеќе финансиски среќа од другите

Планетите во Јарец не потсетуваат да заштедиме малку пари пред Нова година, но и паметно да инвестираме. Ситуацијата на небото не е сјајна, бидејќи Марс е ретрограден, а Уран е во лош аспект со Сатурн од Водолија, па не ви е поволно да земете заем до крајот на годината или да вложите многу пари.

Ако се прашувате кој ќе ги добие парите до 18 декември, тоа се овие хороскопски знаци: Стрелец, Риби, Јарец и Вага.

СТРЕЛЕЦ
Вие сте еден од знаците кои ги добиваат највредните подароци кон крајот на годината. Заедно со Јарците го славите роденденот, па пари и подароци пристигнуваат од секаде. Ве очекуваат помали парични добивки. Ќе имате прилив на пари од два извора.

РИБИ
Марс е ретрограден кај Близнаците, но фаќа добар аспект со Сатурн, па може да добиете пари што доцнеле. Тоа е нешто што се однесува на вашето семејство и станот. Сепак, не е поволен момент за да земете кредит.

ЈАРЕЦ
Венера и Меркур во вашиот знак ви носат подароци како и Стрелецот. Имате големи шанси да победите на игрите на среќа. Сатурн лесно може да ви донесе пари што сте ги чекале. Овој дел од годината ви одговара, па ве очекуваат финансиски изненадувања.

ВАГА
Чекате пари кои треба да пристигнат од странство. Колку и да е потребно, тие пари ќе дојдат. Заедно со тешките околности, доаѓаат и пари. Доколку планирате да инвестирате во недвижен имот, почекајте до средината на јануари.