Пејачот Даниел Кајмакоски бил насилно однесен синоќа во Белград, јавуваат српски медиуми. Настанот се случил во близина на Бетон Хала, каде што неколку лица го пресретнале и го внеле во неговиот автомобил, по што побарале паричен износ за негово ослободување.
Според информации од извори блиски до истрагата, возилото се движело кон правец на Рума. Во текот на патот било забележано од сообраќајна полиција која се обидела да го запре. При обидот за контрола, автомобилот удрил во рабник, по што осомничените го напуштиле возилото и избегале. Полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање.
Истрагата е активна и се работи на целосно расчистување на случајот, а засега нема дополнителни официјални детали од институциите.
Даниел Кајмакоски е роден во Струга, а како дете се преселил во Виена. На јавноста ѝ стана познат по победата во регионално музичко талент-шоу, а во 2015 година ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната „Лисја есенски“.
