Министертсвото за здравство апелираше, граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури:

-Заштита од директна сончева изложеност, избегнувајте престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот

-Носете светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината)

-Консумирајте лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи;

-Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;

-При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;
-Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред сѐ климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

-На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.
Летото пристигна, климата работи со полна пареа, а во Србија има сè повеќе повици до службите за итни случаи.

Д-р Владимир Мандариќ, главен дежурен хирург и кардиохирург на Воено-медицинската академија, рече дека ваквото време може да доведе до големи компликации дури и кај потполно здрави и млади луѓе.

„Треба да се прилагодите на временските услови, хидратацијата на организмот е најважна, пред сè. Може да изгубиме еден литар течност преку кожата, со потење, без да сме свесни за тоа.

Пијте вода, се разбира, и оладете се дома без многу разлика во температура“, рече д-р Мандариќ.

„Не размислуваме за тоа како го климатизираме просторот, разликите се 20 Целзиусови степени, што доведува до страшни срцеви проблеми.

И надворешната температура на воздухот е проблем за хроничните пациенти, доколку не го прилагодат својот животен стил и терапија, тоа ќе доведе до срцев удар и тогаш е потребен ангажман“ наведува докторот.
„Деновиве имаше многу давење, во реките и базените. Кога надвор е 45 на сонце, и влегуваме во ладна вода, дури и помладите луѓе можат да имаат големи срцеви проблеми”, предупреди д-р Мандариќ во утринската програма на РТС.