Во светот досега заболеа повеќе од 140.689.000 од Ковид-19, а починаа повеќе од 3.016.000.

Во светот се дадени 870 милиони дози на вакцини, односно 195 милиони луѓе се комплетно вакцинирани, а по вакцинациите починале 3005 луѓе, од кои за повеќе од 2700 се смета дека смртта не е поврзана со вакцината.

Во Македонија 47% од луѓето одбиваат да се вакцинираат, бидејќи се плашат, или “од сигурни извори знаат” дека вакцините не се безбедни.

Навистина ми е неизмерно жал, само за тие 53% наши граѓани, кои очајно ги чекаат вакцините кои се уште ги нема.