Откако денеска во Собранието, пратеничка на владеачката СДСМ дојде да гласа на седница, облечена во скафандер, бидејќи е позитивна на Ковид – 19, на Фејсбук се огласи докторот Нико Беќаровски.




„Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина.




Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина.




Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица“, напиша доктрот на својот профил.
