Републичкиот хидрометеоролошки завод на својата веб-страница објави дека во текот на целата недела не очекува натпросечно топло време.
Ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена облачност.
Највисоката температура од 16 до 23 степени.
Во петок и за време на викендот од 9 до 11 февруари ќе биде ветровито – ќе дува умерен и засилен јужен и југозападен.
Се додава дека првите врнежи од локален карактер не очекуваат во недела на 11 февруари.
– Додека на почетокот на наредната недела од 12 до 13 февруари врнежите од дожд на повеќето места ќе зачестат. Од вторник, 13 февруари, заладување со преминување на врнежи од дожд во снег во планинските предели.
Ви пренесуваме објава од Славчо Поповски на неговиот ФБ профил.
Фејсбук пост на Славчо Попоски:
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ:
Една кратка анализа околу моменталните случувања со времето и временските (не) прилики во Македонија, зошто имаме вакво невообичаено топло време во февруари (во срцето на зимата),
се работи поради метеоролошкиот феномнен “Ел Нињо”, и истиот ни носи потопло време со натпросечно високи температури на воздухот, затоа и временските непогоди изминатото лето во Македонија беа значително почести и поголеми, но тоа не значи дека студеното време нема да се врати оваа зима, тоа сигурно ќе се врати, а со него и снегот (според моменталните наблудувања и анализи некаде околу, или по средината на овој месец)
а веднаш по 10 февруари влегуваме во влажен, нестабилен и циклонален период со почести врнежи и засилен ветер.
Некаде на почетокот на есента ќе навлеземе во студениот метеоролошки феномен “Ла Ниња” па така наредната, а и зимите по наредната зима ќе се соочуваме со се поголеми студови и снегови
(тоа значи дека зимите сепак како некои што најавуваат нема да исчезнат и нема да станеме Сахара)!
На крајот останува вие како ќе го сватете сево ова!!!
