На 10 декември Кралската тајландска морнарица презеде проширени оперативни овластувања во својот сектор поради ескалацијата на непријателствата со Камбоџа, се наведува во соопштението, пренесуваат локалните медиуми.

Тајландските трупи денеска започнале операција од големи размери поради ескалацијата на судирите на границата со Камбоџа, соопшти штабот на Граничните одбранбени сили во провинцијата Трат.

На 10 декември Кралската тајландска морнарица презеде проширени оперативни овластувања во својот сектор поради ескалацијата на непријателствата со Камбоџа, стои во соопштението.

Повеќе од 400.000 луѓе евакуирани

Операцијата ја носи името „Трат го потиснува непријателот“, а во областа е распоредени воениот брод „HTMS Thepa“ кој врши 24-часовни патроли и извидување, пренесува порталот „Nation“.

Портпаролот на тајландското Министерство за одбрана, Сурасант Конгсири, изјави дека тековните гранични судири со Камбоџа приморале повеќе од 400.000 тајландски жители од седум провинции да бидат евакуирани.

Командата на Втората тајландска армија соопшти на социјалните мрежи дека од 5 часот утрово по локално време имало размена на оган на повеќе локации долж границата во провинциите Буринам, Сурин, Сисакет и Убон Ратчатани, без пријавени жртви.

Испукани ракети

Во соопштението се додава дека околу 8:40 часот по локално време ракетите БМ-21 испукани од камбоџанска страна паднале во близина на болница во провинцијата Сурин, што довело до евакуација на пациентите и персоналот во засолништа, пренесува Синхуа.

Според тајландските медиуми, поради новите гранични судири меѓу Тајланд и Камбоџа повеќе од 800 училишта и неколку болници се привремено затворени во пограничните провинции.

Кога започна војната

Борбите во пограничните области меѓу двете земји ескалирале изминатиот викенд. Двете страни разменуваат обвинувања за прекршување на примирјето и меѓусебно ги напаѓаат целите.

Според последните извештаи, повеќе од 54.500 луѓе ги напуштиле своите домови во Камбоџа.

Има загинати и повредени од двете страни, и меѓу воен персонал и меѓу цивили, наведува агенцијата.