Тројца лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вечерва се случи на регионалниот пат помеѓу селото Караорман и Штип. Инцидентот се случил на дел од трасата кој важи за една од најцрните точки во регионот.
Според првичните информации, пожарникарските екипи морале да интервенираат за да ги извлечат повредените од целосно оштетеното возило. Полицијата излезе на терен и во моментов врши увид на местото на несреќата.
Повредените се итно пренесени во штипската болница, каде им се укажува медицинска помош.
Патот е целосно затворен за сообраќај од 19:35 часот, а надлежните најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени утре од СВР Штип.
