Секогаш ги носела сите документи со себе, но откако еднаш ја искарал, таа му рекла дека повеќе нема да обрнува внимание на тоа.

Пакувањето за одмор може да биде многу стресно и често забораваме нешто кога брзаме. Така, една жена се пожалила на Редит дека нејзиното момче не можело да се качи во авионот кога си заминале затоа што го заборавил пасошот за кој на крајот ја обвинил неа, пишува Мирор.

– Со моето момче сум во врска три години, а заедно живееме шест месеци. Тој има сериозен проблем со заборавање важни документи и по четирите пати што го направи ова, јас станав одговорна да ги носам нашите документи во мојата чанта.

Според него, сите документи имаат дигитална верзија и тоа е доволно, иако не се сите дигитални и не сите места ја прифаќаат дигиталната форма, но тој е тврдоглав и се држи до таа позиција. Не ми пречи да бидам одговорна за документите и да ги имам во мојата чанта најчесто. Но, пред околу два месеци ми се јави и ми побара лична карта бидејќи му требаше за нешто.

Бев на работа и му реков дека е кај мене, на што тој ме искара и ми викаше, велејќи ми дека сите документи треба да бидат дома и повеќе да не ги допирам – напишала таа во објавата.

Таа му ги дала документите и рекла дека нема повеќе да одговара за нив ниту да го предупредува да ги носи, бидејќи тој само прави услуга за некој што го сака и дека е способен возрасен човек кој може да се грижи за себе. Потоа ја објасни ситуацијата во која се нашла неодамна, велејќи дека таа и нејзиното момче отпатувале во друга земја за новогодишната ноќ.

Но, поради нивната расправија не му го зела пасошот, а тој секако го заборавил. – На аеродромот стигнавме четири часа порано и почнавме да проверуваме документи, а потоа сфати дека нема пасош. Ме праша каде е и кога му реков дека не сум го зела, тој рече дека мислел дека ќе се грижам за тоа како и секогаш.

Реши да си оди дома и да се врати и ме замоли да одам со него, но јас не сакав да поминам повеќе часови во автомобилот. Накратко, тој не стигна на време и решив дека нема да го пропуштам патувањето поради него. Го исклучив мобилниот телефон и го започнав патувањето од 12 часа.

Кога слетав, ме пречекаа неколку пораки од него дека не може да верува дека отидов на пат без него и дека тоа го направив како одмазда за неговото карање – продолжи таа. Сите летови беа полни или прескапи, па таа сфати дека тој веројатно нема да дојде, а тој сепак ја обвини дека го оставила на цедило и намерно не се сеќава на нешто со што се мачел.

Таа тврди дека нејзините пријатели се на нејзина страна, но веќе не е сигурна дека ја направила вистинската работа, па ги прашала корисниците на Редит за мислење.

Многумина застанаа на нејзината страна, пишувајќи дека тој е сам виновен што барал од неа да ги остави документите кај него и да не ги носи со себе. – Што сакаше, го доби. Нема што да се лути – напишал еден корисник. – Тој е многу неодговорен и многу груб кон тебе. Таа не треба да го пропушти одморот поради неговото невнимание. Добро си направила – коментира друг корисник.

ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА ОВАА ДЕВОЈКА ПОСТАПИЛА ИСПРАВНО?