Тајванeц нашол решение како да добие подолг платен одмор.

Тој се ожени четири пати и се разведе три пати за нешто повеќе од еден месец, поточно за 37 дена, а за тоа добил вкупно 32 дена платен одмор.

Според законот на Тајван, лицето кое склуува брак има право на осум дена отсуство, па така осмиот ден по венчавката Тајванецот се разведува и повторно се жени со истата жена следниот ден. На тој начин добива уште осум дена платен одмор. Сето ова тој го направил вкупно три пати, односно три пати се развел а четири се женел за да може да биде на одмор повеќе од еден месец.

Сепак, не му оделе баш се толку лесно. Неговиот работодавач, банката во која работел на шалтер, одбила да му даде дополнително отсуство по првите осум дена, нешто на што Тајванецот сметал дека има право, па ја тужел и своето право го барал на суд. На крајот, банката морала да му исплати и отштета бидејќи Тајванецот не го прекршил законот, туку само го искористил неморално, пресудил судот.