Извлечен е добитникот на 1 000 000 денари – втората главна награда од „МојДДВ #Мојанаграда“.
Среќниот добитник е Зоран Фурнаџиски од Берово кој беше извлечен во живо со емитување на „Канал 5“ телевизија, а неговата среќна скенирана фискална сметка е една од вкупно 181 457 639 скенирани фискални сметки што учествуваа во извлекувањето.
Наградата е извлечена од скенираните фискални сметки во периодот од 15 декември 2019 година до 14 декември 2020 година.
