Триша Баркер претрпе клиничка смрт по сooбрāќаjнa несреќа, и ова е нејзиното искуство!

Американката Триша Баркер имала 22 години кога доживеала тешка сообраќајна несреќа.

Таа имаше сkршeници на ‘рбетниот столб на три места, беше во критична состојба во болницата.Таа тврди дека нејзината душа го напуштила телото додека лекарите се бореле за нејзиниот живот, а ова е нејзината приказна.

„Бев свесna за мојата состојба, дека станав дух. Станав „копија“ на моето тело составено од светлина и бев скоро на аголот од собата. Оттаму ги гледав хирурзите како се борат за мојот живот и се прашував зошто толку многу kрвaрaм.

Тогаш видов две интелигентни суштества исто така направени од светлина, маж и жена и ги доживеав како ангели. Ми испратија телепатска порака дека сè ќе биде во ред, а потоа го осветлија моето тело, како и рацете на хирургот. Сепак, не долго после тоа, сите активности застанаа на мониторот, линиите станаа исправени.

Ми стана јасно дека сум умрелa и не можам повеќе да гледам, не сакав да ги гледам како ме оживуваат. Излегов од операционата сала и ги видов моите скршени родители во чекалната “, раскажа Триша за своето искуство.

„Летав кон ноќното небо и почувствував присуство на свест, што го толкував како светлина од Бога. Ме обзеде чувството на љубов, длабок мир, радост и низ главата ми пролетаа слики од моето детство и рана младост. Тоа чувство на љубов беше толку интензивно што е тешко да се опише. Не можете да ја замислите таа количина на убов, ние не чувствуваме такво нешто во текот на нашиот живот “.

Оваа жена вели дека после тоа видела пораки кои и кажувале дека љубовта е сè што е важно, и дека тогаш светлината и покажала повеќе детали од животот – не само убави.

„Имаше и делови што не ми се допаѓаа, кои ме потсетуваа дека понекогаш можев да бидам груба кон другите и да ги осудувам. Но, одеднаш сè се сврте и прекрасен пејзаж, го видов мојот покоен дедо и тој изгледаше прекрасно. Умре во седумдесеттите години, но блескаше во рајот. Повторно се чувствував како мало дете, потполно слободно, заштитено и многу сакано од Бога “.

Во интервјуто, Триша рече дека се чувствува толку смирено што повеќе не сака да го напушти тоа „кралство“, но дека нејзиниот глас и рекол дека треба да го сподели своето искуство со другите и дека после тоа ќе се врати во телото.

По операцијата поминала три дена на одделот за интензивна нега и тврди дека во текот на целиот процес на опоравување чувствувала присуство на ангели.