Откриен е првиот случај на јужноафриканската варијанта на вирусот корона во областа на грчкиот град Солун, пренесува АНА.




На вонреден состанок во тој град, со кој претседаваше министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, беше изјвено дека јужноафриканскиот вид е откриен кај еден член на црквата.




“Нема причина за паника. Ние ќе спроведеме тестирање низ целата парохија и ќе ги испратиме сите контакти”, рече Хардалиас.
Тој додаде дека не е познато како јужноафриканската варијанта дошла во Грција.

