Познатиот токсиколог и јавен критичар на системските неправилности, д-р Нико Бекароски, повторно предизвика силни реакции во јавноста со својата објава за најновите казни што им се изрекуваат на возачите.
Тој реагираше на ситуациите каде што граѓани добиваат парични казни од 20 евра за возење со „страшни“ 52 km/h, на место каде што е дозволено 50 km/h. Според него, ваквите мерки не само што не придонесуваат за безбедноста, туку создаваат дополнителен ризик.
— „Сè додека ви стигнува казна од 20€ за возење со фантастични 52 km/h каде што е дозволено 50 km/h, бројот на сообраќајни несреќи ќе расте, бидејќи сите возачи ќе гледаат во брзиномерот наместо на патот“, предупреди Бекароски.
Јавноста веднаш се согласи со него. Како и многупати досега, неговите зборови наидоа на огромна поддршка, бидејќи граѓаните го препознаваат како човек кој отворено говори за проблемите што ги засегаат сите.
Бекароски често објавува ставови за здравството, безбедноста, неправдите и системските пропусти, а со секоја негова реакција се развива жива дебата на социјалните мрежи. Голем дел од јавноста го поддржува бидејќи го гледа како глас на разумот и човек кој одлучно се спротивставува на апсурдите во системот.
Оваа негова последна порака повторно го отвори прашањето:
Дали казните навистина ја зголемуваат безбедноста или само го казнуваат народот за минимални и неисклучително опасни отстапки?
