Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, вели дека пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија во Европската унија нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на Унијата, така што нивната позиција е правилна и е во согласност со европските и националните интереси, пренесе БНР.
Toj спомна дека има притисок од европските земји-членки да ја прифатат европската интеграција на Македонија без никакви забелешки.
Македонскиот премиер, Зоран Заев сепак не се откажува од преговори со соседна Бугарија, иако вели дека не знае веќе кој проблем треба да го решаваме.
Реакција за македонско – бугарските односи имаше и од ВМРО-НП.
Тие изразија загриженост од објаснувањата кои ги дава Софија откако стави вето на македонските преговори.
