Всушност се работи за девојче кое им а само 14 години.
Моќната фотографија ДЕВОЈКА НА КОЊ која вчера стана вирална и се најде на сечиј профил го одбележа најголемиот државен празник на републиката Илинден 2023 година!
И се додека постојат големи Македонци кои ја чувствуваат Македонија државата ќе постои.
Оваа фотографија е направена на Мечкин камен од вештото око и прецизен објектив на Кошинов Бобан.
фото/Фејсбук, Бобан Кошинов
Илинденската коњаница традиционално по 45. пат тргна од Горно Лисиче, скопско кон Крушево и неколку дена патуваше во духот на минатото.

Коњаници се упатија од сите краеви на татковината, а младата Андреа беше дел од Кичевската илинденска коњаница, за првпат оваа година.

