Јошко Гвардиол важи за еден од најплатените хрватски фудбалери, а големо внимание на Мундијалот привлече со маската која ја носи преку лицето. Затоа доби најмногу прекари, од кои еден посебно се истакна – Зоро!




Инаку, Гвардиол е многу успешен на 20 години, а моментално настапува за бундеслигашот Лајпциг. Неговиот шарм е невозможно да не се забележи на конференции, а понежниот пол е луд по него.




Фудбалерот неодамна гостуваше во емисијата „Књаз код Ватрених“ на ХРТ каде зборуваше за многу теми, но и за својот љубовен живот.




„Не сум во врска, живеам сам, и колку што понекогаш ми треба мир, понекогаш ја чувствувам и таа осаменост, депресија, ми недостига семејството“, вели тој.




Зошто Јошко носи маска?
Маската што ја носи на лицето го направи уникатен, но причината поради која ја носи е една незгодна што ја имал неодамна. Имено, тој на неодамнешниот натпревар се судри со глава на соиграч и му го скрши носот, а последиците ги претрпе и неговото око.




Бидејќи несреќата се случила непосредно пред да замине за Катар, лекарите одлучиле Јошко да може да игра, но под услов да носи заштитна маска, која е специјално прилагодена на неговото лице.




Поради маската стана интересен за публиката, а самиот фудбалер се пошегувал и рекол дека маската му носи среќа, и дека „размислува“ да ја носи во иднина.

(стил)
