Јагодите содржат 60 грама витамин C и биoактивни супстанци полифеноли кои се моќни антиоксиданси
Јагодите се многу вкусни и можат да се консумираат во многу различни комбинации. Покрај тоа, многу се корисни за имунитетот и содржат голем број витамини. Сепак, многу луѓе не се сигурни колку јагоди смеат да изедат во текот на денот.
Јагодите содржат 60 грама витамин C и биoактивни супстанци полифеноли кои се силни антиоксиданси. Препорачуваат се за деца и возрасни кои страдаат од анемија, а содржат и фолна киселина, витамин E, провитамин A, витамини од групата B, како и минерали манган, железо, калциум и магнезиум.
Иако се идеална слатка ужинка и освежување, потребно е да се обрне внимание на количината што се консумира, особено кај помалите деца кои можат да имаат алергија на ова овошје.
Не се препорачуваат за лица кои имаат проблеми со вишок телесна тежина или висок нивo на холестерол и триглицериди во крвта. Дури и ако немате здравствени проблеми, потребно е да внимавате колку од ова овошје ќе внесете во организмот дневно, објавено е на сајтот „Medical Daily“.
Лекари од британскиот универзитет Оксфорд препорачуваат да ги консумирате само онолку колку што може да ви собере дланката, без додаден шеќер и само два-три пати неделно, помеѓу 17 и 19 часот попладне, наведува сајтот.
