Жената тврди дека не ја „дотерувала“ својата ќерка, но никој не и верува




Мајка се најде на удар на критики откако објави фотографија од своите деца на која нејзината ќерка е фотошопирана.




Имено, мајката на Фејсбук објавила дека нејзините деца повторно тргнуваат на училиште и се чудела како толку брзо растат. Но, фотографијата брзо заврши на Reddit, каде што предизвика дебата. Наводно жената ја уредила својата ќерка на фотографијата за да изгледа позрело за нејзините години.




– Оваа жена постојано го фотошопира телото на својата ќерка за да изгледа вака. Девојчето има осум години – објавата е на Редит.




Ако подобро ја погледнете фотографијата, едната рака на девојката е брановидна, па можно е тврдењата на корисниците на интернет да се точни. По критиките за фотографијата се огласи и самата мајка која негираше дека ги уредува фотографиите и тврдеше дека девојчето „едноставно така изгледа“. Сепак, никој не и верува.




„Ова е морничаво“, „Мислам дека ова може да биде нешто повеќе од мајка која го малтретира своето осумгодишно дете“, „Тоа кутро девојче ќе има сериозни детски трауми и психички и физички проблеми кога ќе порасне“, се само некои од многуте коментари.

Кој е вашиот КОМЕНТАР?
