Вознемирена мечка е снимена како брка човек по улицата на сибирски град ,кратко време откако избегала од локален хотел.




Фотографиите и снимките од бизарниот настан од Нижневартовск во западен Сибир се појавија на социјалните мрежи и веднаш предизвикаа бројни реакции.
Локалните жители биле збунети откако во утринските часови виделе кафеава мечка како талка по улиците на градот со околу 280.000 жители, без шуми во близина.
Како што се гледа од видеото снимено од минувач, мечката била запрена од автобус додека бркала човек по улицата.




Подоцна е откриено дека станува збор за мечка која не била сериозно повредена од ударот со автобусот, а наскоро се појавиле и од службата за контрола на животните, пренесува RT.com.
Според локалните медиуми, мечката била домашно милениче и сопственикот ја чувал во блискиот хотел. Полицијата сега истражува како таа успеала да избега и дали е воопшто легално да се чува такво милениче. Уште една мечка, наводно, била пронајдена во кафез во истиот хотел.




„Само во Русија“, коментираат многумина.
— Senpai (@Efremovv_) March 17, 2021
