„Песната која беше посветена на мене од страна на Greg Jaspere и која ги буди моите горчливи сеќавања од нашата депортација во 2003 година.




Денес, буди уште посилни чувства во мене и ја пеам со полна душа заедно со уште 112 дечиња од Chicago’s Children Choir, хорот со кој што пораснав и со кој имав можност да застанам на светските сцени како: Carnegie Hall, Grant Park со маестрални уметници како YoYoMa i R Kelly“, објави на Фејсбук Васил Гарванлиев, промовирајќи го видеото објавено на YouTube каналот од страна на Chicago’s Children Choir, а е дел од Божиќниот концерт на овој детски хор во Чикаго, САД.




Васил Гарванлиев им одржал и неколку мастер часови на децата од хорот, идни музички амбасадори, а им говорел за македонската музика и традиција. Главен диригент на хорот е Josefina, која годинава е номинирана за Grammy наградата.




Погледнете го видеото и како што вели Васил, „уживајте со ангелските гласови на овие дечиња кои со љубов пеат за нашата татковина. Македонијо, Татковино моја ТЕ САКАМ со сета шареноликост на овој свет“.
