Тој е убеден дека тоа ќе му донесе свршувачка

Крис Харкин (24) од Северна Ирска изнајми билборд на прометниот дел од патот, за да го видат потенцијалните работодавци.

Крис вели дека нема работа од септември 2019 година и дека неуспешно испратил апликации на повеќе од 300 места.

Откако разговарал со сестра му, дошол до идеја да се рекламира на билборд.

На билбордот, покрај неговото лице и препознатливата насмевка, пишува „Те молам вработи ме“, како и трите предности што ги има и за кои верува дека би можеле да му донесат работа.