На социјалните мрежи вечерва е објавена нова видео-снимка од инцидентот во Битола, каде полициски службеници брутално тепаа роми.
На снимката, може да се види целиот настан снимен од друг агол, а се слуша еден од присутните кој повеќе пати повторува „мавајте“.
Од МВР потврдија дека е утврден идентитетот на учесниците и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, кој го оценуваат како незаконито и непрофесионално постапување.
