Големо внимание кај светската јавност привлече потегот на најмоќниот човек во Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, кој и покрај присуството на една од неговите сопруги, на трибините мавташе по Бразилка.




Видеото што го обиколи светот, а сите се прашуваа која е жената на која и обрна внимание.




Тоа е Дезир Соарес, жена која на Инстаграм ја следат над 60 илјади луѓе, а е многу позната во светот на фудбалот.




Таа е во брак со Галвао Буена, познат спортски новинар во Бразил, со кој го има синот Лука.




Двајцата ја прославија годишнината од бракот веднаш по натпреварот меѓу Швајцарија и Бразил во Катар.

