Секојдневните бројки никогаш нема да ја раскажат приказната што точно се случува во одделенијата за интензивна нега, веќе втора година по ред. Приказната за пандемијата, за времето кога беа избришани цели семејства најдобро може да биде раскажана од оние кои се грижеле за нив и од оние кои веќе 18 месеци се посветени да им помогнат на другите.




-Ви се обраќам како дел од тимот на Брза Помош кој неуморно работи веќе две години и ги гледа страшните резултати. Го пишувам ова во чест на моите две ќерки кои моментално се лекуваат од Ковид-19 и кои за среќа немаат тешки симптоми. Во чест на сите мои пациенти кои ги изгубив овие месеци и кои како товар ми лежат на душата. Се надевам дека ќе ме ислушате до крај и дека ќе ја споделите мојата приказна и ќе се воздржите од негативни коментари. Едноставно се надевам дека ќе ми ја дадете својата поддршка и дека ќе размислите пред да доете во болница и да побарате итен прием.




На пациентите кои ги изгубив можам само да си кажам и да се надевам дека им дадов малку утеха во нивните последни часови. Се надевам дека ми поверувавте кога ве гледам во очи и ви велев “Тука сум, со вас” иако проклето добро знаев дека коронавирусот е многу посилен од она што можам јас да ви го понудам.




До сите мажи, жени и деца кои ги раздвојувавме на вратите на нивните домови и кои ги слушаа моите зборови “Жал ми е, но пациент заразен со коронавирус не смее да има придружник со него” сакам да им кажам дека ми е жал што им го одземавме драгоценото време и последните заеднички моменти.




До моите ќерки: жал ми е што ме гледате секој ден со црвено, натопено со солзи лице и без сила да ви објасни каков ми беше денот. Извинете, но вие не заслужувате да се сретнеме таму – во мојот работен ден. И така, сега кога ве гледам како боледувате од овој вирус сакам да ви кажам дека ми е жал што не успеав да ве заштитам повеќе.




До мојот тим, моето друго семејство: Вие сте херои! Секој еден од вас. Вие сте светлината во мојата темнина, а јас ќе продолжам да светам секој ден за вас, како што вие тоа го правите за мене.




До заедницата во која живеам: Наместо да гуглате и да дискутирате што е, и што не е, еве ви неколку реченици од медицинската сестра во вашиот град. Во изминативе 10 смени јас лично се грижев за најмалку еден критичен Ковид пациент по смена и сите починаа. Од Ковид-19. Невакцинирани. Млади. Без претходни болести. Во нашите болнички единици нема ниту еден слободен кревет. Примам нови пациенти секојдневно и се грижам за нив со часови и денови во одделот Брза Помош. Ги запознавам во најмрачните часови, нив и нивните семејства а кога ќе ми јават дека се ослободил кревет решавам да ги гушнам за збогум. Но решавам да не се јавам и да прашам како се, бидејќи моето срце не може да поднесе уште едно засекогаш збогум. Ова е мојата реалност. Што значи дека е и ваша. А ние, како заедница сме во криза.




Затоа престанете да се расправате што е реално или не, дали да се вакцинирате или не. Престанете да се расправате околу тоа дали да носите маски или не. Можам само да споделам моето искуство со вас, а во меѓувреме вратата на Брзата Помош останува отворена и ќе се грижиме за вас најдобро што знаеме. Само се надевам дека ќе издржиме.
Ве молам, бидете љубезни кон нас – медицинските лица. Уморни сме. Кога ни викате и се однесувате со нас како да не сме луѓе, тоа ме лути. Една од моите улоги е да ги заштитам моите работници.




Ние го правиме најдоброто што можеме и се обидуваме да ве излекуваме.




И не можеме да ве пуштиме да ги видите вашите сакани бидејќи на тој начин ве штитиме вас и се штитиме ние. Ние не сме центар за Ковид тестирања. Ние сме Ургентен центар. Имаме премногу Ковид пациенти и да не ги заборавиме оние кои доаѓаат. а не се болни од Ковид. Луѓето се уште имаат мозочни и срцеви удари, се уште се разболуваат од рак.




Веќе 18 години сум медицинска сестра и тоа на интензивна нега и Брза Помош и сум видела работи на кои никому не му ги посакувам.




Но, ова е убедливо најстрашното нешто што сум го доживеала. Дајте да се држиме и поддржуваме се со цел заедно да поминеме низ ова, порачува Меган Донавеј медицинска сестра во болницата во Талахаси, Флорида.
Извор: Vecer.mk
