Експертите ги наведоа основните причини зошто жените ги надживуваат мажите
Општо е познато дека жените живеат подолго од мажите, но малкумина разбираат зошто е тоа така. Експертите ги наведоа основните причини зошто жените ги надживуваат мажите и тие можат да послужат како поттик за мажите да направат одредени промени во нивниот живот и со тоа да го продолжат нивниот животен век.




Истражувањата покажуваат дека девојчињата покажуваат поголема сила во матката. Тие се поотпорни на инфекции, се развиваат побрзо физички и се посилни. Значи, од самиот почеток, жените се посилни и поборбени од мажите.




Тие се помалку изложени на ризик
Третата водечка причина за смрт кај мажите се повредите во различни несреќи. За разлика од жените, мажите се впуштаат во поризични ситуации што можат да доведат до сериозни повреди. Главниот виновник за ова е предниот дел од мозокот, кој е одговорен за одговорност и проценка на ризикот, и се развива побавно кај мажите отколку кај жените.




Тие се поотпорни на срцеви заболувања
Срцевите заболувања се водечка причина за смрт кај мажите и жените, но се јавуваат кај мажите во порана возраст – во триесеттите години. Кај жените, пак, се појавуваат подоцна, цела деценија, бидејќи на некој начин се заштитени со менструалниот циклус, односно срцевите заболувања не се таква закана до менопаузата, кога стануваат почувствителни.




Тие имаат подобар социјален живот




Мажите можеби имаат повеќе пријатели, но женските пријателства се многу посилни и поблиски. Ова значи дека жените се исклучително отворени во односите со пријателите и го делат и доброто и злото. Мажите, од друга страна, обично молчат и голтаат се во себе, и тоа на крајот влијае на нивното здравје.




Тие подобро се грижат за своето здравје
Жените го посетуваат лекарот почесто отколку мажите. Истражувањата покажуваат дека тие се подобри и во превенцијата. За разлика од мажите, тие многу порано сфаќаат дека е време да ги сменат животните навики ако сакаат да бидат здрави. Покрај тоа, тие почесто одат на редовни прегледи. Сето ова влијае на нивната долговечност и подобро здравје.
Дали се согласувате?
