Покрај многубројните пророштва, познатата Баба Ванѓа била позната и по своите мудри совети. Имено, таа верувала дека одредени работи можат да ви донесат пари и среќа.

Се разбира, под услов да следите одредени правила:

1. Секогаш јадете и пијте од цели и недопрени чинии и чаши, на овој начин ќе ја задржите добрата енергија и среќата во вашиот дом.

2. За да спречите среќата и просперитетот да го напуштат вашиот дом, ставете неколку парички во осамено ќоше.

3. Ставете ги гранките над влезната врата и тоа ќе ве заштити од негативни работи.

4. Корите леб и трошките останати од ручекот или вечерата, дајте им ги на птиците – така среќата ќе влезе во вашиот дом.

5. Никогаш не се фалете со својата среќа, а особено не правете го тоа пред странец. Нивната љубомора може да донесе зло во вашиот живот.

6. Не чувајте скршено или испукано огледало во куќата. Тоа ви ја краде среќата. Тој предмет нема место во вашиот дом.

7. Носете пари во паричникот – никогаш не стуткани во џебовите. Тоа ќе ви помогне да постигнете просперитет.