Откако на социјалните мрежи се појави фотографија од автомобил со натпис „Швалер“, луѓето не престануваат да ја споделуваат и коментираат.

Имено, во белградската населба Жарково во Белград е фотографиран црвен автомобил „опел корса“ на кој на десната страна од возилото, на совозачката врата, со бело со големи букви пишува „Швалер“. Некој ја сликал и ја објавил на социјалните мрежи, а фотографијата станала вистински хит.

Како што е наведено на страницата на „Инстаграм“ „Serbialive_Beograd“, автомобилот е фотографиран во долно Жарково. Мотивот и актерите се уште не се познати, но се претпоставува дека се работи за љубоморна женска личност која сакала на овој начин да му се одмазди на своето момче, најверојатно поради изневерување.

„Сите сме мала Љупка Стевиќ“; „И Ана Николиќ“; „Госпоѓа пред се“; Дали ова го направи жена или љубовник“, се коментарите на фотографијата.

Извор: mondo.rs