Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека доколку направи пола од тоа што тој го направил за македонскиот јазик, Албанците ќе му бидат благодарни.
„Македонскиот јазик прифатен во ЕУ и преговарачката рамка без никаква фуснота. Потпишан првиот договор со ЕУ каде се признава македонскиот јазик (ФРОНТЕКС) За меѓународната афирмација на македонскиот јазик имам повеќе јас направено отколку било кој од нив. Нека направи Премиерот Мицкоски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни, но уште поважно, нека не го загрозува тоа што други пред него го направиле“, вели Османи.
Мицкоски рече дека и странците се разочарани од ДУИ. Тој рече дека Османи има најмал кредибилитет да зборува за јазикот.
ДУИ не сака да се чепка Законот за јазиците, инаку се заканија дека одржувањето на локалните избори есенва ќе биде доведено во прашање. /Faktor
