Чудни сме ние христијаните понекогаш. Сакаме да го спасиме светот, а не сакаме да ги измиеме садовите.

Се молиме Бог да ни покаже чуда и знаци за да ја дознаеме Неговата волја за нашите животи, а секојдневно луѓе во потреба и други нешта што чекаат на нас ни се пред носот, и за жал, тие дела често пати остануваат неизвршени.

Можеби, велам можеби, треба да почнеме да го правиме она „малку“ што можеме да го направиме, па, по Божја милост и со Божја помош, Тој ќе ни довери нешто повеќе.

Сетете се, Христос рече дека оној што не е верен во малку, нема да биде верен и во многу, та затоа тоа „чекање“ да имаме повеќе, или да можеме повеќе, не е изговор да не бидеме верни во тоа што сега ни е доверено, па макар тоа било нешто мало, како миењето садови во црквата.

Една (не)подадена студена чаша вода за нас можеби изгледа безначајно, но за човекот што ја прима, односно Сам Христос, тоа менува големи нешта во вечноста, или кон награда, или кон загуба…

Превод на текстот од сликата: „Господи, те молам дај ми знак што треба да правам.“ 🙂