Охрид – Скопје со Македонија Сообраќај. Ништо не е по протокол, ни по закон, пишува граѓанин кој утрово се враќал во главниот град со автобуски превоз.

– Автобусот преполн, дури и еден човек има што стои. Под овие услови во кои што ние сме сега во моментов како ќе се заштитие од Ковид-19, ниту еден прозор нема, ниту вратата барем да се отвора да се проветрува, наместо тоа клима! Преку едно седиште треба да има патници и да се проветрува, а не под клима и полн автобус. Сите патници се вознемирени и сакаме да се преземат мерки и да не се повтори вакво нешто и со наредни други патници, стори во реакцијата на вознемирениот граѓанин.