Децата помлади од пет години можат да носат и 100 пати повеќе поголема количина од коронавирусот во својот нос и грло, отколку заразените пациенти и нешто повозрасните деца, покажа истражување во Чикаго.
– Нашите анализи сугерираат дека децата помлади од пет години со благи до умерени облици на болеста Ковид – 19 имаат голема количина на РСН во својот назофаринкс, во споредба со постарите деца и возрасните – наведоа истражувачите во студијата објавена во магазинот „JAMA Pediatrics“.
Најмладите може да бидат главните кои го пренесуваат Ковид-19 во општата популација.
Авторите во известувањето навеле дека иако нивните наоди не докажале дека децата заразени со Ковид-19, заразни, други педијатриски студии откриле поврзаност помеѓу присуството на повисока нуклеинска киселина и способностите култивација на вирусот.
Студијата е спроведена помеѓу 23 март и 27 април, а ја водел доктор Тејлер Халд од детската болница Ан и Роберт Х. Лури во Чикаго.
145 пациенти биле поделени во три различни групи според возраста: 48 возрасни, потоа од 18 до 65 гоини, 51 дете на возраст од 5 до 17 години и 46 деца помлади од 5 години.

