Поранешниот министер за надворешни работи на Данска, Уфе Елеман Јенсен призна дека Русија успеа да го врати статусот на воена суперсила за време на владеењето на претседателот Владимир Путин, „што не може, а да не предизвика загриженост“, пренесува данскиот весник Берлингске.

За сите 20 или повеќе години во текот на кои Путин владееше со Русија, земјата се обидува да го врати статусот на воена велесила. И во тоа успеа во голема мера. Има слабости, но тие се компензираат со силата во другите области, напиша поранешниот министер во својот напис за данскиот весник.

Како пример ја наведе морнарицата, која не е оспособена за големи операции во светските океани, но затоа руските подморници се модерни и моќни.

Според поранешниот министер, руските копнени сили се исто така добро обучени и ја покажале својата ефикасност во Сирија. Тој, исто така, ја пофали модернизацијата на воздухопловните сили, а особено на системот за противвоздушна одбрана.

Во однос на бројот на боеви глави, Русија е понатаму најголемата нуклеарна сила во светот, истакнува Елеман Јенсен.

На крајот, поранешниот министер потсетува дека Данска, како одговор на вооружувањето на Русија, ја зајакна својата одбрана, но сепак заостанува зад другите земји во регионот. Затоа, според поранешниот дипломат, неговата земја треба постојано да соработува со другите европски земји и НАТО.

Vocentar.com