Македонската православна црква и нејзините верници на, 19 декември, го слават Свети Никола, еден од најпочитуваните христијански светци и заштитник на најголемиот број домови.




Многумина овој празник го слават со пост, но исто така не се ретки примери семејствата да подготвуваат мрсна трпеза за Свети Никола.
Она што е сигурно е дека секоја домаќинка треба да знае дека посната сарма е најдобриот избор за ручек.




Една од најчестите домашни слави Св. Никола е на прагот. Верниците кои ја слават подготвуваат посна трпеза а таму, неизбежна е посната сарма. Еве го рецептот.
Потребни состојки
- 1 главица кисела зелка
- 400 гр. ориз
- 4 страка праз
- црн пипер
- суво нане
- црвен пипер
- 250 гр. масло




Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo. Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот.




Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер и дoста суво нане. Свиткајте сарми во големина на oрев. Налејте ги со малку расолница и вода и варете ги на тивок оган. Кoга ќе бидат скоро варени сармите, додајте уште еден филџан масло.
