Сопружниците од БиХ беа прогласени за виновни во Судот во Луцерн бидејќи од 2008 до 2013 година подигнале социјална помош од швајцарските власти во износ од 140.000 франци, без да пријават дека во претходниот период купиле дури три семејни куќи во БиХ.




Имено, како што пишуваат швајцарските медиуми, тие биле осудени за измама бидејќи не пријавиле купување на куќи до надлежните социјални служби кои им пружиле парична помош, што според швајцарскиот закон биле обврзани.




Според медиумите, судот утврдил дека најмалку една од трите куќи била реално на негово име, за што, како што истакнува, биле казнети со 14.400 франци и осудени на две години условна казна. Оттаму додаваат дека брачната двојка поднела жалба до кантоналниот суд на неправосилната пресуда.




Според „Зентралплус“, онлајн магазин за Луцерн и Цуг, измамата била откриена случајно кога социјален работник отишол да го посети семејството во нивното место на живеење во малото гратче Емен во близина на Луцерн.




– Брачниот пар не бил дома, а синот и ја отворил вратата на социјалниот работник. Тој и рекол дека неговите родители се во нивната куќа во БиХ и дека ќе се вратат за недела или две. После тоа им покажал и фотографии од неговите родители во Босна и Херцеговина – пишува порталот.




Кога изјавата на синот била прикажана на суд, родителите се расправале дека момчето не знаело што зборува поради ментална болест. Порталот наведува дека и мажот и жената упорно ги негирале наводите дека поседуваат недвижен имот во Босна и Херцеговина, но на крајот, притиснати од докази, признале дека купиле три куќи во периодот од 2003 до 2006 година.




Откако социјалните работници ја покажале изјавата на синот, родителите прво тврделе дека не биле во БиХ, туку пазареле и дека во Швајцарија се од 1992 година и оттогаш не биле во БиХ. Кога истражителите покажале доказ дека тие во тој момент престојувале во БиХ, сопружниците признале дека биле таму, но дека не поседуваат недвижен имот. Потоа, како што истакнува порталот, им била покажана фактура за набавка на фасада за куќа, по што родителите признале дека куќата постоела, но дека не е нивна, туку на нивниот син. Подоцна сопругот ја демантираше и оваа изјава тврдејќи дека е погрешно преведена и дека куќата му припаѓа на вујкото на момчето, односно братот на неговата мајка.




– На прашањето зошто ја потпишал фактурата за фасада, тој одговорил: „Така е“ – пишува порталот. Сопругата рекла дека нејзиниот сопруг бил пијан и дека некој без негово знаење му го ставил договорот во џеб.
Откако истражителите им покажале докази дека биле неколку пати во Босна и Херцеговина, тие ја повлекле изјавата дека не биле во Босна и Херцеговина од 1992 година и признале дека патуваат во Босна и Херцеговина најмалку еднаш годишно.




– По правило, меморијата на обвинетите би се подобрила само кога истражителите ќе ги соочат со доказите. На крајот признале дека и двајцата нивни синови имале куќа во Босна и Херцеговина – наведува „Зентралплус“. Понатаму наведуваат дека сопругот по првото рочиште во март 2014 година отпатувал во Босна и Херцеговина, им ги префрлил куќите на своите деца, а од надлежната служба добил потврда дека не поседува недвижен имот. На второто рочиште тој повторно тврдеше дека не поседува никаков недвижен имот во Босна и Херцеговина.




– Заедницата на Емен не ја зема здраво за готово оваа изјава, туку преку швајцарската амбасада во Виена издала потврда дека имал недвижен имот во БиХ додека ја повлекувал социјалната помош. Докажано е и дека неговата сопруга имала дел од недвижноста на свое име на наследство. Соочен со овој доказ, обвинетиот конечно признал дека купил три куќи од 2003 до 2006 година – пренесуваат медиумите.




Сопругот тогаш тврдеше дека навистина ги купил куќите, но со парите на неговите синови, бидејќи, како што објасни, неговите синови не можеле да патуваат во Босна и Херцеговина. Судот, како што понатаму наведуваат, утврдил дека постои можност синовите да ја купиле куќата со оглед на тоа што имале кредити кои ги отплаќале преку инвалидски надоместоци.
