Во средината на денот можни се краткотрајни врнежи на источниот дел од земјава.
Дождот или локалните врнежи се очекува да престанат во утринските часови . Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви интервали, што е потопло од просечното за овој период од годината. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, кој во вечерните часови постепено ќе се смирува.
Најниската температура ќе се движи од 10 до 13 степени, а највисоката дневна ќе има вредност околу 21 степен.
Температурите паѓаат од недела.
Според прогнозата до понеделник ќе биде променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и локални врнежи, а од вторник разведрување.
Во петок и сабота ќе се задржи натпросечно топло време со максимални температури на повеќето места од 20 до 25 Целзиусови степени.
Од недела, 16 март, ќе има постепен пад на температурата, а на почетокот на следната недела се очекува краткотраен снег на високите планини.
