„Темни Кажувања” е приказ на старословенските легенди, митови и разни верувања. Во видеоспотот актерите ги претставуваат изгубените души кои талкаат на овој свет и го бараат патот за да преминат на оностраниот свет, а спроти нив се самовилите кои се придружуваат на орото со цел да ги насочат кон вистинскиот пат и на тој начин.




Со нивна помош, успешно се изведува обредот на иницијација – душите преминуваат во другиот свет, се случува ПРЕМИН.




Видеоспотот е снимен во Вевчани, местото каде што до ден-денес се одржува една од најстарите пагански традиции – карневалот во чест на Св. Василиј (Василица), кој според пишаните извори се одржува најмалку 1400 години наназад и е главната инспирација за ова музичко, но и филмско дело.




„Премин“ е музички проект предводен од композиторот Дамјан Томоски, Коста Костоски (вокал) и Христијан Чавкоски (контрабас).
Се работи за професионални музичари од Струга, Октиси и Вевчани чија цел е да ги оживеат корените на традиционалната, македонска/словенска музика со тоа што акцентот го ставаат на исконското, обредното, сакралното.
