Поради едноставната подготовка и долгиот рок на траење, многумина ја чуваат преку целата зима како вкусна и ароматична зимница.
Потребни состојки:
-
3 кг моркови
-
3 кг пиперки везенки (долги или кратки); доколку пиперката е премногу лута, можете да користите комбинација: 2 кг лути и 1 кг благи пиперки
-
10 главици лук
-
1 литар масло
-
6 лажици шеќер
-
5 лажици сол
-
50 мл есенција
-
1 конзерванс (5 г) – по желба
Подготовка:
Морковите и пиперките исчистете ги и изрендајте ги или исечкајте ги на тенки ленти. Лукот ситно исечкајте го или изgnечете го. Во голем сад измешајте ги морковите, пиперките и лукот. Додадете масло, шеќер, сол и есенција. Добро измешајте за состојките да се соединат. По желба додадете конзерванс за салатата да трае подолго.
Ставете во стерилизирани тегли, добро затворете и оставете да отстои неколку дена пред да ја послужите, за да се поврзат вкусовите.
Лутата салата од моркови одлично се комбинира со печено месо, варени јадења, но и како вкусен додаток во сендвичи.
