Во време кога повеќето купечки џемови се полни со адитиви, реткост е да се најде рецепт без ниту трошка конзерванс. Овој домашен џем од сливи е токму таков – едноставен, природен и полн со вкус.

Состојки:

  • 5 кг зрели сливи

  • 500 г шеќер (по желба, зависно од сладоста на овошјето)

Подготовка:

  1. Сливите добро измијте ги, исчистете ги и извадете ги семките.

  2. Ставете ги во тенџере со дебело дно и варете ги на тивок оган, со често мешање за да не загори смесата.

  3. При крај на варењето додајте шеќер само ако сливите се покисели.

  4. Џемот е готов кога ќе стане густ и темен, а не се разлева од лажицата.

  5. Врелиот џем сипете го во стерилизирани тегли, добро затворете ги и покријте ги со ќебе додека да се оладат.

Зошто е посебен?
Овој традиционален џем од сливи трае со месеци без никакви додатоци, ја задржува природната сладост и хранливи материи, а можете да го јадете со леб, палачинки, колачи – или едноставно со лажичка како десерт полн со носталгија.