Професорот Самоил Малчевски во Отворено рече дека доколку „Вреди“ прераснеше во една политичка партија немаше да ги има овие проблеми.

Според него, доколку се распадне „Вреди“ може да има реконструкција на власта и ДУИ да се врати.

„Мислам дека клучниот момент е тоа што вреди не прерасна во една политичка партија и ако имаа принцип на заедничко носење одлуки сега немаше да го имаме ова. Гледаме дека има борба меѓу Таравари и Меџити и според мене тоа е клучен момент и може да биде пресвртница поради тоа што ваквите превирања може да го вратат ДУИ на власат. Нема да има предвремени избори но ако се распаде ‘Вреди’ може да има реконструкција на власта и да се врати ДУИ. Ако ‘Вреди’ се превира пред избори ќе изгубат од ДУИ на локални избори и ќе го стават Мицкоски во непожелна ситуација“, рече Малчевски.