Оваа фотографија најдобро покажува како изгледа внатрешноста на „Глобал“, на неаможе да се види штетата која ја нанесе пожарот кој избувна вчера во доцните часови.
Во гаснењето на пожарот учествуваа 61 пожарникар од Струмица, Радовиш, Кавадарци, Валандово и Штип. Им беа потребни речиси пет часа за да се изборат со огнот.




Фотографијата ја објави премиерот Зоран Заев по денешната посета.
Со голема вознемиреност ја примив веста за пожарот кој го зафати трговскиот центар „Глобал“ во мојата родна Струмица. И покрај сериозноста на материјалната штета, за среќа нема повредени и изгубени човечки животи.




Пожарникари не само од Струмица, туку и од околните градови, покажаа солидарност на дело и неуморно се бореа со пожарот. Изразувам длабока благодарност за нивната професионалност во справувањето со пожарот и оддавам длабок наклон за пожртвуваноста која ја покажаа до раните утрински часови, без откажување и без колебање сѐ до гасење на последниот пламен јазик.




„Глобал“ е еден од симболите на модерна Струмица, во него струмичките семејства ја обезбедуваат егзистенцијата, но таму живее и пазарот, таму е струмичкиот дух. Затоа силно верувам во заедницата и во добронамерните сограѓани дека ќе покажат солидарност и помош. Тешки се овие моменти за многу семјества, но знам дека заедно, сплотени ќе го надминеме и ова. Од утре, акција!
Изјави Заев.

