Актуелните најави на грчкиот министер за туризам Харис Теохарис дека туристите ќе бидат добредојдени доколку се вакцинирани, имаат антитела или негативен тест за вирусот будат оптимизам за сите љубители за оваа дестинација.

А потрагата по сместувањата предизвикува оптимизам дека цените би можеле да бидат пониски отколку пред пандемијата.

Агенциите излегоа со понуди, а во најпопуларните летни одморалишта можно да се најде сместување за помалку од десет евра по лице на ден, но и помалку.

Обидувајќи се да ја надополнат загубата од минатата година, Грците очигледно ќе ги намалат цените на сместувачките капацитети и со слоганот „Сè што сакате е Грција“, како што е најавено, ќе ги отворат своите граници за туристите на 14 мај.

Просечно семејство ќе може да патува на одмор во претсезоната за помалку од 100 евра по лице за десет дена. И тоа е ценовникот за втората половина на мај, а повисоки цени треба да се очекуваат на почетокот на јуни. Истото сместување за четири лица тогаш ќе чини и до 150 евра повеќе.

Во Пефкохори, Халкидики, можно е да се најде апарман во мај, на 350 метри од плажа, за дури 40 евра по лице за десет дена. Веќе во јуни истиот стан ќе чини 20 евра поскапо, а како што одминува сезоната, тој ќе биде поскап, пренесува Б92.

На крајот на мај, стан во Полихроно, на 150 метри од морето, ќе чини 60 евра по лице за десет дена. Во јуни ќе изнесува до 140 евра по лице во станови со капацитет од 5 лица, додека за двајца ќе биде помеѓу 155 и 315 евра по лице.

Халкидики е омилена десетинација, полуостровот е познат по долгите песочни плажи, тиркизно море, како и забава за млади и желни авантуристи. Она што е карактеристично за Халкидики се неговите три полуострова, попознати како „трите прста“ – Касандра, Ситонија и Атос.

Ако сте љубител на островот, еден од најприфатливите е дефинитивно Тасос, каде што ќе платите околу 180 евра за 10 дена во вила покрај море, со автобуски превоз и траект од 7 јуни.

На веб-страницата ЈУТА има уште неколку „ветувачки“ цени, па затоа за Лафкада по лице во мај треба да се издвојат 80 евра (без превоз), до 15 јуни 120 евра, а потоа цените да одат на 165 и 190 евра .